www.me-chitash.com ПОСЕТЕТе
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.
www.me-chitash.com ПОСЕТЕТе

www.me-chitash.com ПОСЕТЕТе
 
HomeHome  Latest imagesLatest images  БарајБарај  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  

 

 Фудбал

Go down 
2 posters
АвторПорака
pTi.pRoNooB
Играч од кланот
Играч од кланот
pTi.pRoNooB


Male Број на мислења : 61
Живеам во : Kocani
Points : 29065
Reputation : 0
Registration date : 2008-06-20

Фудбал Empty
ПишувањеПредмет: Фудбал   Фудбал Icon_minitimeПет Јун 20, 2008 2:43 am

Шаќири во Азербејџан за 300.000 долари

*Карабах од Баку е новиот клуб на нашиот поранешен капитен

Артим Шаќири (35), потпиша двегодишен договор со азербејџанскиот клуб Карабах од Баку за годишна заработувачка од 300.000 долари. Тој вчера беше промовиран пред медиумите како најголеми засилување за оваа екипа во пресрет на новата сезона.

"Среќен сум што дојдов тука. Добив одлични вести за вашиот клуб од Ѓоко Хаџиевски кој е на клупата на ФК Баку. Доаѓам за успеси и мислам дека ќе се бориме за високи дострели", кажа Шаќири на прес конференцијата за време на неговата промоција како нов член на Карабах. Тој е најавен како човекот кој долги години бил капитен на Македонија и предводникот на националниот тим во успесите со Англија.

"Ветувам дека ќе дадам се од себе. Ми требаат добри натпревари за да се вратам во националниот тим на Македонија. Мислам дека нема да имам проблем со тоа што дојдов во Азербејџан", додава поранешниот капитен на нашиот национален тим кој по настапите во Халмштад, Тенис Борусија, Хит Горица, Коротан, Малатија, ЦСКА, Вест Бромвич, Интер Турку, Алборг, Вадуз и Беса се одлучи кариерата да ја продолжи во екипа од Азербејџан.
Вратете се на почетокот Go down
http://www.paraziti.tk
Troll Warlord
Модератор на форумов
Модератор на форумов



Male Број на мислења : 21
Age : 30
Живеам во : Струмица
Points : 29068
Reputation : 3
Registration date : 2008-06-20

Фудбал Empty
ПишувањеПредмет: Re: Фудбал   Фудбал Icon_minitimeПет Јун 20, 2008 2:47 am

Офф Топик..
ПроНуб, дај не копирај, создавај твој мислења..Very Happy
Вратете се на почетокот Go down
http://m-warez.darkbb.com
pTi.pRoNooB
Играч од кланот
Играч од кланот
pTi.pRoNooB


Male Број на мислења : 61
Живеам во : Kocani
Points : 29065
Reputation : 0
Registration date : 2008-06-20

Фудбал Empty
ПишувањеПредмет: Re: Фудбал   Фудбал Icon_minitimeПет Јун 20, 2008 3:32 pm

haha TroLL ok xD Very Happy Фудбал Samp6c13
Вратете се на почетокот Go down
http://www.paraziti.tk
pTi.pRoNooB
Играч од кланот
Играч од кланот
pTi.pRoNooB


Male Број на мислења : 61
Живеам во : Kocani
Points : 29065
Reputation : 0
Registration date : 2008-06-20

Фудбал Empty
ПишувањеПредмет: Re: Фудбал   Фудбал Icon_minitimeПет Јун 20, 2008 7:45 pm

"Панцирите" непробојни за Португалија

ПОРТУГАЛИЈА - ГЕРМАНИЈА 2:3 (1:2)
Стрелци: Нуњо Гомеш 42', Постига 87' - Швајнштајгер 22', Клосе 26', Балак 61'
Стадион: Ст. Јакоб Парк во Базел. Гледачи: 50.000
Главен судија: Петер Фројдфелд од Шведска
Жолти картони: Пети, Пепе (Португалија) Лам, Фридрих (Германија)

ПОРТУГАЛИЈА:

1. Рикардо

4. Босингва

15. Пепе

16. Карваљо

2. Фереира

20. Деко

10. Мутињо

(31' - 6. Раул Меирелес)

8. Пети

(73' - 23. Постига)

7. К. Роналдо

21. Нуњо Гомеш

(67' - 19. Нани)

11. Симао

ГЕРМАНИЈА:

1. Леман

3. Фридрих

17. Мертезакер

21. Мецелдер

16. Лам

6. Ролфс

15. Хицлшпрегер

(73' - 18. Боровски)

7. Швајнштајгер

(83' - 4. Фриц)

13. Балак

20. Подолски

11. Клосе

(89' - 2. Јансен)

И покрај тоа што беа во улога на благ аутсајдер, фудбалерите на Германија уште еднаш докажаа дека се најсилни кога е најпотребно и со триумфот од 3:2 над Португалија, успеаја да станат првиот полуфиналист на 13. Европско првенство. Без повредениот Фрингс, со недоволно опоравениот Подолски и без селекторот Лев покрај клупата за резерви, Германците се надминаа себеси и сосема заслужено се радуваа на големата победа. Вистински херој на ова четвртфинале беше фудбалерот од средината на теренот на минхенски Баерн, Бастијан Швајнштајгер, кој се врати по казната од еден меч добиена поради црвениот картон против Хрватска, реализирајќи го водечкиот погодок за "панцирите", а беше асистент и на останатите два гола.

Веќеспоменатиот Швајнштајгер, кој ќе наполни 24 години за 11 дена, го отвори резултатот во 22.минута, по убавата акција на Подолски и Балак, при што асистираше неговиот соиграч од редовите на германскиот првак. Тоа како да им ги пресече нозете на евро-бразилците, кои ја немаа очекуваната креативност или подобро кажано, не добија можност да ги покажат своите квалитети поради одличната организација на играта на германскиот состав.

Веќе во 26. минута беше најавена елиминацијата на црвено-зелените, бидејќи по центаршутот на Швајнштајгер, на вистинското место беше Мирослав Клосе, кој го постигна својот прв погодок на ова ЕП и "се извади" за слабите игри во фазата по групи.

Следеше комплетна офанзива на португалскиот тим, иако Деко и Роналдо беа извонредно чувани од повеќе противнички фудбалери, а се што направија до крајот на првото полувреме беше намалување на резултатот преку Нуњо Гомеш, на три минути пред паузата.

Во вториот дел, поголем посед на топката кај Португалија, но неколкуте неискористени добри шанси беа казнети со спорниот погодок на Михаел Балак во 62. минута, кога на најдобар можен начин го искористи одличното нафрлување на Швајнштајгер од слободен удар. Сепак, голот има една голема дамка, бидејќи Балак се послужи со раце за да го оттргне од себе колегата од Челзи, Пауло Фереира, па судијата Фројдфелд ќе имаше апсолутно право доколку го поништеше.

До крајот на мечот, нападите на Португалија вродија со само еден плод, односно голот постигнат од резервистот Хелдер Постига, со глава, на три минути пред крајот. Во судиското продолжение, Германците не дозволија сериозна опасност пред голот на 38-годишниот Леман.

Во полуфиналето кое е закажано за во среда, 25 јуни, во Базел, Германија ќе се сретне со подобриот од вечерашното четвртфинале помеѓу Хрватска и Турција.
Вратете се на почетокот Go down
http://www.paraziti.tk
Sponsored content





Фудбал Empty
ПишувањеПредмет: Re: Фудбал   Фудбал Icon_minitime

Вратете се на почетокот Go down
 
Фудбал
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
www.me-chitash.com ПОСЕТЕТе :: Дискусии :: Спорт-
Отиди до: