www.me-chitash.com ПОСЕТЕТе
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.
www.me-chitash.com ПОСЕТЕТе

www.me-chitash.com ПОСЕТЕТе
 
HomeHome  Latest imagesLatest images  БарајБарај  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  

 

 Македонски Спорт

Go down 
АвторПорака
pTi.pRoNooB
Играч од кланот
Играч од кланот
pTi.pRoNooB


Male Број на мислења : 61
Живеам во : Kocani
Points : 29065
Reputation : 0
Registration date : 2008-06-20

Македонски Спорт Empty
ПишувањеПредмет: Македонски Спорт   Македонски Спорт Icon_minitimeПет Јун 20, 2008 2:40 am

Холанѓани го преземаат шампионот!!!
*"Се договоривме со Коста Костовски од денеска дефинитивно двата клуба да ги разграничиме. Деновиве ќе потпишеме договор за спонзорство со позната фирма од Холандија која има големи врски со фудбалот во земјата на лалињата. Во ЛШ ќе игра Работнички, со нов тим, со нов тренер", ни изјави Поповски
Само 24 часа траеше дилемата на Драган Поповски дали да остане на местото претседател на Работнички К или, пак, една недела по неговото назначување ќе си поднесе оставка. Во текот на вчерашниот ден по состанокот со Коста Костовски и официјално е решено Работнички К и Вардар дефитинивно да се разграничат. Ова доаѓа откако Поповски, како што самиот ни посочи, добил писмо на намери од позната фирма од Холандија која посакува да инвестира и спонзорира во трикратниот шампион и актуелен освојувач на двојната круна. Холанѓаните деновиве треба да стигнат во Скопје и официјално да се потпише договорот.

Значи Холанѓани ќе го преземат шампионот на чело со Драган Поповски како претседател, еден од нашите најпознати адвокати и екс фудбалер на "романтичарите".

"Точно е дека имав дилеми, но тие се расчистени откако во текот на вчерашниот ден добив писмо со намери од една позната фирма од Холандија која посакува да инвестира, да спонзорира во актуелниот шампион. Тоа беше моја идеја, с$ со цел како голем љубител на клубот по најновите случувања на релација Работнички К - Кометал - Вардар да не го оставиме на цедило и да биде онаму каде што заслужува. Ова да се оствари потребно беше да се одржи уште еден состанок со г. Коста Костовски со цел да го запознам него со тоа писмо на намери. Бев директен со Костовски и му го предложив следното, дека јас како претседател на клубот сакам што побргу да се разграничиме и секој да оди на своја страна. Тој со Вардар а јас со Работнички К", потенцираше Поповски, а продолжи со одговорот на Костовски на тој вчерашен состанок...

"Костовски ми рече дека од овој момент има целосно разграничување меѓу Работнички К и Вардар. Се разбира дека посака да го информирам за новиот спонзор, а јас во куси црти му објаснив за што се работи. Најважно е што се договоривме да има ново собрание на кое ќе бидат променети неговите членови. Значи не важи оваа екипа да игра прво за Работнички К па потоа во Вардар. Некој да е спонзор на Вардар, а во исто време да го 'држи' Работнички К. Заеднички се согласивме дека така не оди и поради прописите на ФИФА, УЕФА, ФФМ. Едноставно сакам чисти сметки. Се договоривме она што е најзначајно онаа екипа која ќе оди на Златибор на подготовки на чело со Достаниќ таа да биде на Вардар и таа да не игра во Европа. Ние ќе играме во ЛШ со нов тим, со нов тренер. Вардар, односно 'Кометал' нема да има врска со нашиот настап во Европа. Костовски се согласи и мислам дека и на него му олесна, особено по најавите на последниот прес дека ако може уште веднаш би ставил црта меѓу двата клуба".

Поповски не сакаше премногу да образложува за Холанѓаните, односно за новиот спонзор...

"Деновиве гостите од Холандија ќе дојдат во Скопје, ќе се одржат финалните преговори и закажано е потпишување договор. Сакам само да нагласам дека тие луѓе имаат голема врска со еден голем и познат холандски и европски клуб. Поточно европски фудбалски гигант. Сакаат луѓето да вложат тука, во Работнички К, а покрај останатото сакаат да основат младинска академија со сите придружни услови за работа. Тоа ќе биде втор приоритет. Но, стрпете се, за деталите ќе говорам кога ќе се потпише договорот", ни изјави на крајот Поповски.

З. Ѓоршоски

Не сакам да бидам "англиска кралица"!?

Во јавноста веќе неколку дена се шпекулира дека "Кометал" намерно го поставил Поповски на чело на Работнички К само за с$ уште да го контролира клубот, исто како и Милано што го контролира Башкими.

"И јас слушнав за тие приказни, но оние што ме познаваат добро а искрено не сум непознат во Македонија знаат дека не сакам да ја играм улогата на 'англиска кралица'. Значи нема ништо од тоа. Можеби на прв поглед така изгледаше со оглед на тоа дека 'Кометал' с$ уште во свои раце го држи собранието на Работнички К. Но, токму јас инсистирав што побргу да се разграничат клубовите. Затоа благодарност до семејството Костовски што се согласи за ваква диференцијација на заедничко задоволство. Јас им посакувам среќа во Вардар, а тие веројатно истото го мислат за мене за Работнички К".

Тренерот ќе биде изненадување

"Најдоцна до утре ќе се знае новото име на клупата на Работнички К. Не би сакал да шпекулирам, многу имиња се вртат во јавноста, верувајте многу тренери по телефон ми се јавуваат и бараат разговор. Но не сакам сега да се истрчувам. Прво треба да го договориме буџетот со спонзорот, а потоа ќе видиме на кого ќе му ја предадеме тренерската палка. Во секој случај јавноста ќе биде изненадена од името на нашиот тренер".

Сакаме позитивно ривалство со Вардар

"И пред неколку дена истакнав и сега повторувам. На Скопје, на фудбалска Македонија & е потребно спортско, фудбалско позитивно ривалство меѓу Работнички К и Вардар. Сакаме исто така и силна Победа, Пелистер, Милано... Сакаме силна Прва лига на професионални основи, а не само силен и моќен Вардар. Силна лига од 6-7 добростоечки клубови ќе биде одлично за сите нас. Нормално дека ќе имаме добри соседски односи со Вардар и треба да биде така. Еве на пример за почеток можеби ќе позајмиме 2-3 играчи за настап во квалификациите во ЛШ".

Можно е сите играчи да останат!?

"Од утре јас како претседател на Работнички К имам намера и обврска прво да поразговарам со сите 25 фудбалери на Работнички К кои се под договор со клубот. Состаноците со сите нив ќе бидат кратки. Ќе имаат директно прашање- Дали сакате да останете во Работнички К или си заминувате во Вардар. Нормално можеби ќе им понудиме услови кои би можеле да ги прифатат и да останат. Не верувам дека тоа ќе се случи, но практично може сите играчи да останат, а можеби и сите да си заминат. До сабота - недела ќе имаме чиста ситуција и потоа ќе бидеме и тоа како активни на фудбалскиот пазар".

Под итно ќе има ново собрание

"Исто така јасно е дека потребно е да се одржи под итно ново собрание. Разговарано е со Костовски да се одржи ново транспарентно собрание на кое јас како Драган Поповски ќе понудам програма и ќе конкурирам за претседател. Ајде да кажеме дека не би требало да има проблеми. Најважно е што сегашното собрание од 12 лица кое целосно го контролира семејството Костовски и дефинитивно си оди. Во новото собрание меѓу тие 12 лица ќе има луѓе кои го сакаат Работнички К, кои ќе спонзорираат во него, потоа од ветераните можеби и од новиот спонзор. На тоа собрание ќе се избрише додавката Кометал и повторно ќе го вратиме ФК Работнички во спортското друштво на Работнички".
Вратете се на почетокот Go down
http://www.paraziti.tk
 
Македонски Спорт
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
www.me-chitash.com ПОСЕТЕТе :: Дискусии :: Спорт-
Отиди до: